Актерот долги години се бореше со пороците.Најпознат по улогата во серијата филмови “Ironman“, Роберт Дауни Џуниор се отвори за неговиот однос со неговиот татко Роберт Дауни и неговата борба со зависноста.Кога имал само 6 години, татко му му дал да проба марихуана.Во новата серија за неговиот живот, Роберт покажува интимни сегменти од својот живот, а зборува и за својот татко кој бил во доцните стадиуми на Паркинсоновата болест. Тој почина во 2021 година на 85-годишна возраст.Односот меѓу таткото и синот често бил турбулентен. Во документарецот тој раскажува како веќе бил зависник на 8-годишна возраст. Поврзани објавиМарихуаната за актерот станала бегство од реалноста, а подоцна пораснало во употреба на потешки дроги. Тој го опиша ова искуство со следните зборови:„Кога земав потешки дроги, тоа беше како да ставам пиштол во уста и да го држам прстот на чкрапалото и да го сакам вкусот на металот од пиштолот“.Јуниор исто така помина многу време во затвор. Во едно интервју, тој еднаш рече дека земањето дрога е начин да се зближи со неговиот татко:„Кога тој и јас се дрогиравме заедно, беше како да се обидува да ја изрази својата љубов кон мене на единствениот начин на кој знаеше“.По долги години борба, Дауни Јуниор сега е здрав и трезен. Кога ја запозна својата сопруга Левин во 2003 година, таа рече дека ќе се омажи за него само ако тој вети живот на присебност. Тие се во брак од 2005 година и имаат три деца.
„Татко ми ја изразуваше својата љубов земајќи дрога заедно со мене“ – Убавина и здравје
81