120
Германија планира да ги заостри законите за оружје откако беше откриен заговор на екстремно десничарска група за соборување на владата, изјави министерката за внатрешни работи Ненси Фесер во интервју за „Билд ам Зонтаг”, објавено денеска.Германската полиција оваа недела уапси 25 лица осомничени за вмешаност во заговорот. Многумина од осомничените се членови на екстремно десничарското движење Рајхсбиргер („Граѓаните на Рајхот”), кое го негира постоењето на модерната германска држава.