Познатиот американски психотерапевт Ирвин Јалом (89) во едно интересно видео поставил прашање што може да ви го промени животот од корен
Американскиот психотерапевт Ирвин Јалом го поставил следново прашање: што би можеле да направите во нареднава година за да почнете да живеете живот без каење?
„На терапија, понекогаш на клиентите им давам задача да нацртаат линија на парче хартија. На едната страна од линијата е раѓањето, а на другата е смртта, па ги прашувам: каде сте вие сега? Тоа за луѓето може да биде шокантно, но им помага да сфатат дека постои ред. И кога ќе погледнеме наназад во животот, како се чувствуваме? Повеќето луѓе се каат поради нешто. Други се преплавени со каење поради работи што ги направиле или не ги направиле. Тука настапува моќта на психотерапијата, со поставувањето на вистинските прашања. Замислете да се сретнеме за една година, што би можеле да направите оваа година за да живеете живот без каење?“, истакнал Ирвин.
Ирвин Јалом е и угледен автор што напишал неколку книги, меѓу кои се „Лекувањето на Шопенхауер“, „Кога Ниче плачеше“, „Гледање во сонце“, „Крвник на љубовта“ и други, а многу од тие наслови може да се најдат и во нашите книжарници.
Ова се некои од неговите најдобри цитати:
1. Секој човек мора да одбере колку вистина може да поднесе. Чинот на потполно разоткривање на една личност пред друга, а притоа да се биде комплетно прифатен, е главниот механизам на терапевтската помош.
2. Ако сакате да го разберете задоволството на зрелоста, подгответе се за болка.
Поврзани објави
3. Само повредениот исцелител може вистински да лекува.
4. Очајот е цената што секој ја плаќа за самосвесност. Загледајте се длабоко во својот живот и секогаш ќе најдете очај.
5. Кога луѓето не се ни малку љубопитни да се запознаат себеси, тоа секогаш е лош знак.
6. Љубовта не е само искра на страст меѓу луѓето: постои разлика помеѓу вљубувањето и останувањето во љубов. Љубовта е начин на живот, давање, посветување, поврзување, а не ограничено однесување кон некоја личност.
7. Да се грижиш за некого значи да знаеш и да ја искусиш таа личност што е можно поцелосно.
8. Сонувам за љубов која е повеќе од двајца луѓе што копнеат да се поседуваат меѓусебно.