Пејачката ја сподели среќата од најважниот ден во животот на синот, облечен во народна носија.
Пејачката Катарина Живковиќ вчера го крсти својот син Стефан во кругот на најблиските членови на семејството. Тајниот настан се случи во манастирот Раковица, еден од најубавите и најзначајните верски центри во Белград, каде што Каќа има посебна емотивна врска.
За својот малечок син, Стефан, пејачката одбра народна носија, симбол на традицијата и културното наследство, со која го нагласи значењето на овој свечен момент. Каќа не можеше да ги скрие емоциите и среќата.
Денес небето беше поблиску до земјата. Нашиот ангел го прими својот прв свет благослов – крштењето. Со срце полно благодарност го предавме во Божји раце, за да го води и чува со својата светлина во текот на целиот живот. Нека верата му биде потпора, љубовта патоказ, а Бог вечен сопатник. Кој поверува и се крсти, ќе биде спасен.“ (Марко 16:16). Живеев за овој ден“ – напиша пејачката на својот Инстаграм.
Фотографиите може да ги погледнете ОВДЕ
printskrin Youtube-blic katerina zivkovic