Сте се разбудиле среде ноќ и не можете да заспиете? Овој трик би можел да ви помогне…
Објавено на 07/22/2023
Ако останеме во кревет и се обидеме да заспиеме ќе чувствуваме уште поголем притисок. Поради тоа отчукувањата на срцето ќе ви се зголемат и ќе чувствувате притисок. Наместо тоа обидете се со ова…
Ако сте од оние кои после будењето не можат повторно да заспијат, знаеме дека имате проблем и колку тоа може да биде фрустрирачки.
Ако останеме во креветот и се обидеме повторно да заспиеме, често знаеме дополнително да се вознемириме бидејќи не успеваме.
Слабиот сон е клучен за нашето општо добро. Без него не успеваме да се „ресетираме“ ниту да функционираме нормално. Според центарот за контрола и превенција на болести во САД, недостатокот на сонот е поврзан со хроничните болести вклучувајќи дијабетес, болести на срцето, дебелина па и депресија.
„Повеќе од 10. отсто од популацијта страда од хронична инсомнија, што значи дека имале проблеми со спиењето подолго од три месеци“ раскажала др. Шејли Хершнер, професорка на неурологија во Медицинскиот центар за преметување на сонот во Мичиген за Today.
Ако не успевате да заспиете повторно, после будењето, подолго од 20. минути, станете и преместете се во друг мирен дел од станот или куќата. Покријте се и обидете се да заспиете. Можете и’ да се вратите во својот кревет ако забележите дека доволно сте се смириле за заспивање.
Зошто ова функционира?
Затоа што ако останете во креветот, можете да почнете да чувствувате притисок дека треба да заспиете, а тоа уште повеќе ќе ве фрустрира, објаснила др. Хершнер. Тој притисок може да ги зголеми отчукувањата на срцето и општо вознемиреност – што заедно го отежнува заспивањето.Промената на околината може да не смири и да ни помогне повторно да заспиеме.
Обидете да се преместите на кауч, покријте се со ќебе и само лежете. Ако ви одговара можете да си го пуштите омилениот шум од Јутјуб и некој бел шум, како вода, фен, отчукувања на срцето кои ќе ви помогнат да се опуштите.
Оваа техника е многу корисна и дури многу подобра од медикаменти, додала др. Хершнер.