Table of Contents
Ви ги откриваме главните причини што го отежнуваат растот и згуснувањето на вашата коса
Долгата, густа коса е сон на многу жени. Но, понекогаш, дури и ако ги следите сите препораки за нега, не можете да ја имате саканата должина. Следниве фактори се виновни за ова…
1. Генетика
Генетиката можеби е најголемиот виновник. Генетските предиспозиции ја одредуваат брзината на растот на косата, ја одредуваат нејзината структура, боја и максимална должина до која може да расте.
2. Хормони
Структурата на фоликулот на влакното и неговиот животен циклус се под влијание на хормоналниот статус на личноста. Секој хормонален дисбаланс влијае врз состојбата на скалпот и косата.
3. Возраст
Должината на косата зависи и од возраста, бидејќи секоја година стапката на нејзиниот раст се намалува. Ова се должи на општата состојба на телото и акумулацијата на разни соматски заболувања.
4. Начин на живот
Општото здравје на една личност е четвртиот фактор кој влијае врз растот и густината на косата. Исхраната игра важна улога: недостатокот или вишокот на хранливи материи, особено протеини, витамини и минерали, може да доведе до промени во брзината на растот на косата и до влошување на нејзиниот квалитет. Хроничните заболувања исто така можат да влијаат врз растот.
5. Несоодветна грижа
Кршливата коса и искинатите врвови спречуваат вашата коса да расте во должина. Друга причина е несоодветната домашна или професионална нега: пречесто миење на косата, некористење производи за заштита на косата од топлина и неквалитетна вода со која ја миете косата.
Која е и да е причината за тоа што имате ретка и кршлива коса, постои решение за погуста и поцврста коса!
Без разлика дали сте родени со тенка коса или текстурата на вашата коса се променила или станала поретка со текот на времето, тоа може да влијае врз вашите опции за стилизирање и вашата самодоверба. Факторите како возраста, стресот, исхраната и животната средина можат да предизвикаат промена на косата, но експертите од John Frieda® Hair Care го имаат одговорот како да ја зголемите густината, а и самодовербата.
Поврзани објави
John Frieda PROfiller+ линија за погуста и посилна коса
Палетата PROfiller+ без напор ја трансформира тенката коса и ја зголемува вкупната густина на косата, со што таа станува пополна, поздрава и поцврста.
Збогатен со состојки наменети за нега на кожата на скалпот, овој асортиман за згуснување на косата ја зајакнува косата за 200% и помага да се намали опаѓањето на косата, кое е резултат на пукање на влакното. Палетата PROfiller+ за тенка, рамна коса е формулирана со биотин, познат по тоа што ѝ дава цврстина на косата, како и со хијалуронска киселина, за хидратација и нега на косата. Формулата е веганска и не содржи силикон.
John Frieda PROfiller+ Шампон 250 мл
Употреба: Нежно нанесете шампон на влажна коса, пена и добро исплакнете. Потоа, нанесете PROfiller+ регенератор и PROfiller+ спреј за да го постигнете целосниот резултат.
JF PROfiller+ Регенератор 250 ml
Употреба: По миењето со PROfiller+ шампонот, нанесете го регенераторот на влажна коса од средината до врвовите, а потоа добро исплакнете.
JF PROfiller+ Спреј за коса 150 мл
Овој двоен спреј за обликување обезбедува топлинска заштита и го намалува кршењето на косата. Спрејот за волумен PROfiller+ не само што ѝ го враќа волуменот на тенката коса, туку и обезбедува топлинска заштита и промовира поцврста коса со помалку кршење. Спрејот за густина PROfiller+ содржи биотин, кој е познат по тоа што и дава сила на косата и хијалуронска киселина, добро познат навлажнувач на косата. Погоден за вегани, без состојки од животинско потекло и не е тестиран на животни. Без силикон.
Следете го нашиот инстаграм-профил ubavinaizdravje.mk за да бидете во тек со UIZ Beauty Awards и за да дознаете кои производи се годинешните ѕвезди на убавината!
ФОТО: kyle smith / Unsplash, ПР