Table of Contents
Малите промени во дневната рутина се тајната на совршениот изглед – пречекајте ја пролетта подготвени
Подготвувањето за доаѓањето на пролетта може да биде совршениот изговор за промена на некои навики кои лошо влијаат врз лицето и телото. Време е да направиме мали промени во нашето секојдневие, така што секогаш ќе бидеме елегантни, убави и дотерани.
Отстранете ја шминката пред спиење
По долг ден, и самата помисла дека треба да го измиеме лицето изморува. Во такви случаи, отстранете ја шминката од удобноста на вашиот кревет. Во зависност од вашите потреби, одберете средства за чистење на лицето што одговараат на вашата кожа и кои ќе ја претворат вашата рутина за нега во вистинско уживање.
Маникир
Трендовите оваа година не’ поттикнуваат да ја прифатиме нашата природна убавина, како што се неутрална шминка и неуредна фризура, но оштетениот маникир не спаѓа на оваа листа. Доколку не најдете време за редовна нега на ноктите, одлучете се за долготрајни лакови во нијанси што одговараат на вашата кожа.
Здрава и сјајна коса
Ако редовната посета на фризер не е вашата цел, соодветниот серум за коса ќе се погрижи за здравјето, должината и јачината на вашата коса. Употребата на хранлива маска штити од оштетувања предизвикани од секојдневното стилизирање и обезбедува дневна доза на хидратација за здрава и сјајна коса.
Правете редовен пилинг на кожата
Поврзани објави
Ако не правите пилинг редовно, хидратантниот крем не може убаво да навлезе во кожата. Променете ја оваа навика и ќе забележите промена.
Секогаш користете крем со СПФ 50+
Dream Cream By Enisa Kadrii е совршен додаток на дневната рутина за нега на кожата. Овој крем за лице содржи моќна мешавина на состојки кои го штитат, осветлуваат и подобрат севкупниот изглед на кожата. Обезбедува висока заштита од УВА и УВБ зраците, СПФ 50+, состојки за избелување кои помагаат да се осветли и изедначи тонот на кожата како и состојки за поддршка на природното производство на колаген и еластин на кожата, намалувајќи ја појавата на фини линии и брчки. Ја подобрува циркулацијата и го намалува отокот и темните кругови околу очите како и природни состојки за антиоксидантна заштита и хидратација на кожата
Крем за лице со СПФ 50+ – Dream Cream By Enisa Kadrii
Претходно
1 од 5
Следно
- Заштитува
- Корегира
- Хидрира
- Осветлува
Ново ниво на нега на кожата!
Ново ниво на убавината!