Почетна БалканПронајдени дрога, пушка и муниција при претрес во Радовиш

Пронајдени дрога, пушка и муниција при претрес во Радовиш

од nenad
0 минути читај за
t

Вчера полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода Т.Ј. од Радовиш.

– При претрес извршен со судска наредба во дом и други простории во Радовиш, сопственост на Т.Ј., биле пронајдени бела прашкаста материја, метална дробилка со остатоци од растителна материја, 9 парчиња маневарска муниција и една пушка,кал.4,5мм. При претресот во куќата затекната била В.М. од радовишко, која била повикана на службен разговор во полициска станица, соопшти МВР.

Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Радовиш, по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.