Маргарита Симонјан, главен уредник на медиумската група „Северна Русија“ и РТ го коментираше денешниот напад на мостот на Крим, за кој Москва ја обвинува Украина.
Симонјан рече дека ако е точно она што го објави руското Министерство за надворешни работи, дека нападот бил координиран заедно со Вашингтон и Лондон, тогаш познатиот „Тауер Бриџ“ во Лондон е легитимна цел на Русија.
„Сите веќе разбираат дека беспилотните летала се оружје. Значи треба да се изедначат со оружје и да се изедначат последиците од нивната продажба и ширење, како да е тоа друго оружје“, напиша Симонјан на Телеграм.
Во текот на денот Националниот антитерористички комитет на Русија соопшти дека нападот на мостот бил извршен со помош на два украински беспилотни летала, додека советникот на лидерот на ДНР, Јан Гагин, прецизирал дека нападот на Крим мостот беше изведен со помош на дронови од пактот на НАТО. Во таа прилика животот го загуби млад брачен пар, а нивната ќерка преживеа, но се здоби со тешки повреди.
.