Почетна БалканБитиќи: Верувам ќе успееме со уставните измени, а потоа и да ги завршиме преговорите за членство многу побрзо

Битиќи: Верувам ќе успееме со уставните измени, а потоа и да ги завршиме преговорите за членство многу побрзо

од nenad
1 минути читај за
t

Почитувам луѓето да имаат свое мислење и тоа да го поткрепуваат со факти и аргументи, но фактите сега никој не ги зема предвид и се водиме од чувства, емоции и желба да се дојде на власт, смета вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи коментирајќи го процесот на уставни измени во гостувањето во Канал 5 телевизија.

-Кога одлуките се носени низ целиот период од незавизноста на Република Северна Македонија тие се носеле од страна на политичките чинители можеби и во спротивност од она што било желба во анкетите, а потоа се видело дека има позитивни моменти, како што е Охридскиот рамковен договор. Во тој момент да беа прашани граѓани реакциите ќе беа негативни, а сега гледаме дека етничкиот конфликт е веќе надминат и етничките прболеми се заборавени освен ако некој политички чинител сака да ги постави на маса, кажа Битиќи.

Според вицепремиерот сега единствено се зборува за техничко менување на Уставот.

-Заклучоците лани усвоени во Собранието, за секоја постоечка и идна Влада се црвени лини од кои Владата нема да смее да отстапи. Заклучоците од највисокиот законодавен орган кажуваат дека преговарање за идентитет и јазик се црвени линии и ако во било кој момент се преговара за нив преговорите може веднаш да се напуштат. Преговорите не се прават на штета на ниту еден граѓанин на оваа држава и особено на штета на идентитетот и јазикот на мнозинството граѓани, истакна Битиќи.

Според него преговорите за членство може да се завршат и порано од 2030 година.

-Верувам дека ќе успееме, а потоа и да ги завршиме преговорите за членство многу побрзо отколку што некој мисли, кажа вицепремиерот.