Почетна МакедонијаПовторно изгубени во преводот – што кажа Шаленберг, што преведувачката, а што Мицкоски

Повторно изгубени во преводот – што кажа Шаленберг, што преведувачката, а што Мицкоски

од nenad
1 минути читај за




Забуна во медиумите, јавноста и во некои политички кругови внесе дел од вчерашниот настап на австрискиот министер за надворешни работи, Александер Шаленберг, кој на прес-конференцијата во македонското МНР, зборувајќи за потребата од уставни измени, рече дека доколку тие не се случат, земјата ризикува да биде „thrown off”, што на македонски јазик би се превело „исфрлена“ од патот кон ЕУ, пишува 360 Степени.

   

„Ако постоечкиот ќор-сокак продолжи, Северна Македонија ризикува да ја испушти наредната шанса и дури, на подолг период, да биде (thrown off) исфрлена од патот кон ЕУ“изјави Александер Шаленберг.

Официјалната преведувачка на настанот во МНР таа фраза ја преведе со „изолирана“. Подоцна, терминот „изолација“ се најде во многу наслови на новинарски текстови посветени на посетата на шефовите на дипломатиите на Австрија, Чешка и на Словачка.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој само неколку часа по оваа изјава се сретна со министрите Александер Шаленберг, Јан Липавски и Мирослав Влаховски, вели дека тие го уверувале оти не бил споменат терминот „изолација“, туку „доцнење“.