Почетна ПопуларноСе зголемува ДДВ-то за храната која не е основен прехранбен продукт, за пелетите скока од 5 на 18%

Се зголемува ДДВ-то за храната која не е основен прехранбен продукт, за пелетите скока од 5 на 18%

од nenad
1 минути читај за
t

Се зголемува стапката на ДДВ од 5% на 10% на производи за исхрана коишто не се дел од основните производи за исхрана, се зголемува даночната стапка за прометот и увозот на пелети, печки на пелети и котли на пелети од повластена даночна 5% на редовната стапка од 18%.

Ова се дел од измените кои се предвидени во Предлог законот за измена и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност кој беше донесен на вчерашната владина седница на предлог на Министерството за финансии.

Ќе поевтинат само хигиенските влошки и ќе се намали даночната стапка за дигиталните учебници.

Законите, меѓу кои законот за ДДВ и законот за данокот на солидарност, коишто беа повлечени од Собранието, сега ќе се носат по скратена постапка со европско знаменце.

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска

.