Заштитете се од оваа опасна појава консумирајќи сок од домати!
Тромбозата, или процесот на формирање крвни згрутчувања во крвните садови, е еден од главните фактори на ризик за развој на различни болести – од тромбофлебитис до срцев и мозочен удар. Заштитете се од оваа опасна појава консумирајќи сок од домати.
Имено, научниците анализирале резултати од 50 истражувања за сокот од домат и докажале дека биолошки активните супстанции во него се во состојба ефикасно да спречат тромбоза.
Поврзани објави
Тој ефект научниците го поврзуваат со големото количество каротиноид ликопен и витаминот Е што се наоѓаат во сокот.
Ликопенот е силен антиоксидант, кој помага за намалување на нивото холестерол во крвта, ја подобрува општата состојба на крвните садови и го намалува ризикот од атеросклероза. Што се однесува до витаминот Е, тој ја подобрува исхраната на клетките, ги зајакнува ѕидовите на крвните садови и влијае на разградувањето на крвните згрутчувања.
Текст: Наташа Човиновска