Пејачката се огласи индиректно на социјалните мрежи по обвинувањата дека се „фолира“
Пејачката Александра Радовиќ изминативе денови се најде во фокусот на јавноста поради лапсус во една телевизиска емисија. Таа не успеа да се сети на презимето на колешката Тина Ивановиќ, иако претходно ѝ пеела придружни вокали, што предизвика бројни реакции во јавноста.
По овој момент, Тина Ивановиќ изјави дека смета оти Александра намерно се „фолира“, што дополнително ја подгреа ситуацијата. Иако многумина очекуваа директен одговор, Радовиќ реши да не се впушта во јавни расправии.
Поврзани објави
Наместо тоа, таа на суптилен начин испрати порака преку својот Инстаграм профил. Пејачката сподели стори со духовен цитат, во кој многумина се препознаа и кој дел од јавноста го протолкува како нејзин одговор на актуелните случувања.
Во објавата беше цитиран Свети Пајсиј, со порака дека најголемата рана за човекот е кога не е сакан, а најдобрата терапија е да сака без да очекува ништо за возврат. Со оваа порака, Александра испрати јасен сигнал дека избира мир, љубов и достоинство наместо конфликт.
printskrin youtube – blic tv – aleksandra radovic