Почетна ЕкономијаБајден се надева на успех во борбата за забрана на огнено оружје во САД

Бајден се надева на успех во борбата за забрана на огнено оружје во САД

од nenad
1 минути читај за

 

  

Меморијалната служба со запалени свеќи посветена на сите жртви од огнено оружје се одржа во Епископската црква во Вашингтон, организирана од невладината Newtown Action Alliance.– Оружјето сега е број еден убиец на деца во Америка, кои, криејќи се под клупите во училниците, ве молат да покажете смелост. Зашто премногу избрани службени лица немаат смелост да усвојат закони на здравиот разум, кои ќе ги се спасат нашите животи, изјави Џеки Хегарти, поранешна ученичка од Сенди Хук, која го преживеа нападот.Бајден од почетокот на својот мандат повикува на воведување забрана на борбеното оружје. Во јуни, по негов притисок, Конгресот усвои двопартиски закон, со вклучени одредби со кои им се дава помош на сојузните држави да не дозволат лабилни поединци да дојдат до оружје.Од Белата куќа не прецизираа дали напорите на Бајден да се донесе некаков закон ќе вродат со плод до 3 јануари, кога мнозинство во долниот дом на Конгресот ќе станат републиканците.Републиканската партија традиционално е против секакви промени на Вториот амандман на Уставот на САД, кој дава право на Американците слободно да купуваат и носат разни типови оружје, од обични пиштоли до полуавтоматски и автоматски пушки.Додека во следниот Конгрес тие го губат Претставничкиот дом, демократите, сепак, го зачуваа мнозинството во Сенатот.