Граѓаните на западните земји треба да се плашат од сопствените влади кои ги пригушуваат гласовите на здравиот разум и повторуваат само за „стратешки пораз на Русија“, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, коментирајќи го ризикот од конфронтација меѓу Русија и НАТО во интервју за медиумската група „Радио и ТВ Португалија“.
Тој додаде дека има моменти кога “може да се надеваме дека по Студената војна Западот ќе се однесува пристојно и дека ќе може да се зборува за безбеден простор од Лисабон до Владивосток, но „очекувањата не се исполнија“.
Дипломатот посочи дека Русија е подготвена и ќе „дејствува“ на бојното поле во рамките на украинскиот конфликт.
„Секако, личности како високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и практично целата американска администрација зборуваат за нанесување стратешки пораз на Русија на бојното поле. Тие не зборуваат за преговори, туку за бојното поле. Подготвени сме да продолжиме да дејствуваме по тоа и ќе продолжиме да го правиме тоа. Знаеме за што се бориме“, рече Лавров.
.


