За подготовка на овој вкусен и здрав рецепт ќе ви бидат потребни само 25 минути.
Потребни состојки:
Поврзани објави
За основата:
85 гр мелени бадеми
40 гр вегански протеин
40 гр кокос
4 лажици јаворов сируп
1 лажица стопено кокосово масло
2 лажици растително млеко
За карамела:
3 лажици путер од бадем
8 урми
прстофат сол
30 гр бадеми
За чоколадoтo:
80гр квалитетно темно чоколадо
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измешајте ги сите состојки за основата во блендер.
Втиснете ги на дното на калапот во форма на правоаголник.
Сите состојки за карамелот (освен бадемите) измешајте ги во блендер, па рамномерно притиснете ги врз основата.
30гр бадеми исечкајте ги со нож, па рамномерно притиснете ги врз карамелата.
Ставете ги во замрзнувач 30 минути, а потоа исечете ги на еднакви ленти.
Чоколадото растопете го со кокосово масло и секоја лента извалкајте ја во чоколадото.
Ставете во замрзнувач уште 10 минути, а потоа послужете.
Може да се чува во фрижидер до 7 дена.