74
Се работи за доста фрекфентна улица во централното подрачје на Кисела Вода.
Истата, на површина од околу 1600м2 беше санирана пред само неколку години од моите претходници, но поради неквалитетна изведба се појавија видливи оштетувања кои го отежнуваа пешачкиот и моторниот сообраќај.
Санацијата ги опфаќа и двата паркизни кои не се обновени повеќе од 25 години, а ја средуваме и вегетацијата и нараснатите гранки кои го отежнуваа сообраќајот.
Дополнително, изведуваме и нова пешачка патека која значително ќе придонесе за поголема безбедност, особено на пешаците и велосипедистите.
За десеттина дена жителите на ,,Локов” добиваат комплетно нова улица, а до крајот на мојот мандат, во Кисела Вода нема да има улица која нема да биде рехабилитирана.
Инвестирањето во модерен и урбан лик на нашата општина продолжува, бидејќи мојот народ го заслужува тоа!