-Многу го цениме и работевме напорно за да го зачуваме ова традиционално братство меѓу албанскиот и грчкиот народ. Ви испратив видео директно од состанокот кога отидов таму и им реков што сакате да направиме за вас? Рекоа тоа и тоа или едноставмо донесете го Кирјакос Мицотакис овде. Па така, ако дојдете, ни помагате да заштедиме многу пари од нашиот буџет, истакна Рама.Мицотакис одговори дека веројатно треба да се направат и двете работи што ги побарале припадниците на грчкото малцинство.-Жал ми е што нема да можам да го посетам малцинството поради загриженоста што ја изразија нашите пилоти за временските услови. Но, можеби ова ќе ни даде шанса да одиме заедно наскоро, рече Мицотакис.Грчкиот премиер уште еднаш ја повтори поддршката на Атина за европската перспектива на регионот и изрази задоволство што Самитот ЕУ- Западен Балкан се одржа во Тирана, бидејќи е важно „европските пријатели да имаат можност да го видат напредокот што го постигна Албанија“.На средбата, како што информираат од кабинетот на Мицотакис, двајцата премиери размениле мислења за сите аспекти на билатералните односи, биле разгледани начините за дополнително зајакнување, а станало збор и за прашањето за одредување на морските зони за кое двете земји ќе се обратат до Меѓународниот суд на правдата во Хаг.
Рама до Мицотакис: Не кријам дека за мене сте најдобриот грчки премиер
87
претходен текст