Во бродоломот загинаа најмалку 78 лица, а стотици се исчезнати. За формирање криминална организација за трговија со илегални мигранти, предизвикување бродолом од небрежност и за загрозување на животи се товарат уапсените деветтемина Египќани за несреќата со мигрантите минатата седмица, а денеска ќе бидат изведени пред истражен судија во грчкиот град Каламата, јави дописничката на МИА од Атина.
Уапсените се осомничени дека се криумчари и дека се одговорни за бродоломот во кој загинаа најмалку 78 лица, а стотици се исчезнати.Од грчката крајбрежна служба синоќа соопштија дека продолжува големата операцијата за потрага и спасување во меѓународните води во морската област на 47 наутички милји југозападно од местото Пилос на Пелопонез.Потсетуваат дека во несреќата што се случи во средата досега се спасени 104 лица, а извлечени се 78 безживотни тела.Во рибарскиот брод што потона во близина на Пилос, официјално не е познато колку лица се пренесувале, а според преживеаните бројката е околу 700 лица.