Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, вечерва во гостувањето на ТВ „21“ истакна дека нема да се постигне подобар договор со Бугарија по изборите.
„Според мене, тоа е невозможно. Верувам дека овој договор е најдобриот што можеше да се постигне. Компромис е. Не е совршен. Ниеден компромис не е совршен. Но ова е најдобриот договор“, порача Гир.
Тој додаде дека во процесот на проширување на ЕУ не постојат гаранции“, откако членови на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и неколкумина пратеници рекоа дека сакаат гаранции од германската и американската влада дека по уставните измени, Бугарија повеќе нема да нѐ блокира.
Според Гир, постојат многу различни чекори кои мораат да се преземат, а членките треба да се согласат за сите.
„Искуството од минатото нѐ научило дека кога наидуваме на вакви тешкотии и имаме проблеми за нив кои ни дозволуваат да напредуваме, треба да се фокусираме на напредокот и реформите и проблемот ќе исчезне и ќе се решат вистинските прашања за реформите и основните работи кои влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните“, вели Гир.
.


