Почетна Убавина и здравјеКога ќе видите зошто, сигурно ќе го направите истото! – Убавина и здравје

Кога ќе видите зошто, сигурно ќе го направите истото! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Многу луѓе немаат поим дека постојат генијални начини за користење на хартијата за печење кои ќе ви го олеснат животот. Ви претставуваме неколку од нив.

Полирајте ги славините

Полирајте ги славините со хартија за печење за да блеснат! Со полирање, хартијата ќе ги отстрани дамките од вода, а восокот од хартијата некое време ќе ги заштити славините од нови дамки.

Обложете ги полиците

Ставете хартија за печење на највисоките полици во кујната каде што се собираат прашина и маснотиите при готвењето. Заменувајте ги на неколку месеци и ќе се изненадите колку нечистотија ќе остане на нив. Оваа хартија можете да ја користите и за обложување на фиоките и внатрешните полици во кујнските шкафчиња.

Исчистете го подот

Ставете ја хартијата на крпата за бришење подови и исчистете го подот како и обично. Ќе ја собере целата нечистотија од подот и ќе го исполира благодарение на хартиенот восок.

Исчистете ја пеглата

Ако ви се затне пеглата на пареа, направете го следново: посипете сол на хартијата за печење и кога пеглата ќе се загрее до максимум, нежно тријте додека се отстрани целата нечистотија.

Зачувајте го отворачот за конзерви


Поврзани објави

Хартијата за печење се премачкува со восок, кој ќе се префрли на сечилото на отворачот и на тој начин ќе го исчисти доколку е нечист, а дополнително ќе го обложи и на тој начин ќе го заштити од ‘рѓа и ќе го подмачка за лесно отворање.

Спречете чкрипење на вратата

Вратата што чкрипи затоа што се заглавува при затворање и отворање истријте ја со хартија за печење и ослободете се од непријатниот звук. Восокот од хартијата ќе ги премачка рабовите и вратата полесно ќе се затвора и отвора.

Чувајте ги градинарските алатки

По употреба, исчистете ја градинарската алатка со оваа хартија. Покрај лесното отстранување на остатоците од почвата, восокот од хартијата ќе го заштити металот од ‘рѓа.

Откачете го заглавениот патент

Доколку забележите дека патентот на вашата јакна или чанта се заглавил, истријте го со хартија за печење и на тој начин подмачкајте му ги запците! Ќе биде како нов.

Обложете ги полиците во фрижидерот

Хартијата за печење е идеална за обложување на полици и фиоки, дури и во фрижидер. Ќе ги заштити полиците доколку се истури нешто, доволно за да не треба да го избришете целиот фрижидер, туку само да ја замените хартијата.

Исчистете ги металните прачки

За полесно да се лизгаат прстените на завесата во бањата, истријте ја шипката со хартија за печење и на овој начин подмачкајте ја и избришете ја прашината што сигурно се залепила на неа. Применете го истиот принцип на чистење прашина на прачките во гардероберите и плакарите. Со полирање, тие повторно ќе блескаат.