Познатиот пејач Џо Џонас ангажираше адвокати за развод и е на прагот да поднесе документи за да му стави крај на бракот со актерката и ѕвезда на „Игра на тронови“, Софи Тарнер, а потоа се појави на концертот во Тексас со бурма на раката… Очекувано, овој негов потег е многу коментиран!
Џо Џонас, кој е во брак со Софи Тарнер од 2019 година, настапуваше со браќата Ник Џонас, кој е во брак со актерката Пријанка Чопра, и Кевин Џонас. Познатите пејачи имаат и трет брат Френки Џонас.
Поврзани објави
Обожавателите претходно забележале дека тој на 11 август шетал низ Њујорк без венчалниот прстен, а упатените изјавиле за TМЗ дека неговиот брак со Софи Тарнер е при крај и дека постапката за развод е неизбежна.
Не е познато каква порака сакал да пренесе Џо со бурмата на сцената, а неговиот брак со Софи Тарнер последните шест месеци има сериозни проблеми, поради што ангажирал неколку адвокати.
Софи Тарнер минатиот месец беше на концертот на браќата Џонас на стадионот Јенки, а потоа повторно не се појави во јавноста. Џо се грижеше за нивните две деца во последните три месеци, и додека беше на турнеја во Америка.
Актерката претходно зборуваше за своите проблеми со менталното здравје, откривајќи дека била врзана за креветот поради депресијата, пренесува ТМЗ.
Фото: Инстаграм