Премиерот на Велика Британија, Риши Сунак изјави дека неговиот план за отстранување на илегалните имигранти функционира и додаде дека за шест месеци во Албанија заминале 1.800 илегални мигранти, пренесува Економија онлајн.
Сунак рече дека во последните шест месеци во Албанија отишле 1.800 имигранти и нагласи дека се купени два големи контејнери за сместување до 1.000 имигранти.
Првиот голем контејнер за баратели на азил ќе се закотви во Портланд Порт овој месец и ќе смести 500 возрасни мажи кои бараат азил во ОК.
Сунак рече дека овој вид на акција „ќе го намали притисокот врз локалните заедници“ и ќе го ослободи хотелскиот простор што се користи за сместување на мигрантите.
