Планот на Мицкоски е подол и нечесен, промена на Уставот и внесување на Бугарите во истиот во првите неколку месеци кога би бил на власт, открива во денешната САЈБЕР КОМАНДА, Филип Петровски кој пренесува разговор со човек близок до Мицкоски.
– Планот е да го одолговлечеме колку што може внесувањето на Бугарите во Уставот, да не биде во овој мандат, да одиме на избори и кога ќе бидеме на власт во првите три-четири месеци да се заврши со уставните измени.
Потоа додека да дојдат следните избори уставните измени ќе бидат подзаборавени од народот и така ќе се намали штетата, го пренесува Петровски разговорот со човек близок до Мицкоски.
Петровски објасни дека се бара начин пратениците да се повлечат од нотарските изјави кои ги дадоа пред неколку месеци и да се пласира наратив дека уставните измени мораат да се случат и дека биле под притисок од надвор.
Целата епизода следете ја во продолжение:
