„Украина е подготвена да ја започне долгоочекувана контраофанзива за враќање на териториите окупирани од Русија“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Длабоко веруваме дека ќе успееме“, рече Зеленски во интервју за Wall Street Journal објавено денеска.
Зеленски истакна дека не знае колку ќе трае украинската контраофанзива, но изјави дека Украина е подготвена за контранапад.
Зеленски минатиот месец рече дека Украина мора да почека да пристигнат уште западни оклопни возила пред да започне контраофанзива.
Минатиот месец Зеленски ги посети Велика Британија, Франција, Германија и Италија, каде се сретна со највисоките претставници на тие земји, како и со папата Франциско.
Тој побара од европските претставници поголема воена помош и оружје за да може Украина да започне контраофанзива.
