Почетна ЕкономијаШестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

од nenad
1 минути читај за

Шест лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајна несреќа што се случила вчера помеѓу две возила „голф“ на регионалниот пат Скопје-Тетово. Како што соопшти МВР, во 17.

25 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во близина на с. Сараќино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“, управувано од О. Р.

(20) од Тетово и патничко возило „голф“, управувано од Д. Р. (37) од Тетово, двете со тетовски регистарски ознаки. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од првото возило, Н. Р.

(47), а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и тројца сопатници од двете возила, констатирани во Клиничката болница Тетово, наведуваат од МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

вг/бак/ Фото: МИА Архива .

Извор: МИА