Почетна Убавина и здравјеСовремениот крал на валцерот денеска ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски

Современиот крал на валцерот денеска ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски

од nenad
1 минути читај за

Светската ѕвезда Андре Риу, познат како „современиот крал на валцерот денеска ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Тој во Македонија ќе дојде со неговиот 60-член „Јохан Штраус оркестар“, најголемиот приватен оркестар на светот.Концертот е во организација на „Пасворд Продукција“.

Концертите на Андре Риу се огномет од емоции. На речиси 100 концерти годишно, Риу гарантира совршена забава со светски познатите, романтични и мелодии полни со душа како и со бројни изненадувања, хумор и првокласни интернационални солисти.Андре Риу и неговиот оркестар “Јохан Штраус”, ќе го одржат својот концерт во Скопје, на 23-ти ноември 2022-ва година.