Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија одлучи да не сослужува со Украинската православна црква.
– “Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), на својата редовна седница, одржана на 28 март 2023 година, разгледувајќи го прашањето за литургиско сослужување со Православната Црква на Украина (ПЦУ), по опстојна дискусија ја донесе следната ОДЛУКА:
Свериот архијерејски синод на МПЦ-ОА одлучи да не сослужува со јерархијата на Православната Црква во Украина, до конечно решавање на нејзиниот статус во полнотата на Православието. Надлежните архијереи да го известат своето парохиско свештенство, свештеномонаштво и верен народ за оваа Одлука.” – се вели во соопштението од МПЦ-ОА.

