„Ник не направи ништо за да го спаси својот брат!“Арон Картер бил опседнат со својот постар брат Ник и низ годините „плачел“ за љубов, пренесува Пејџ сикс.Близок пријател на пејачот Гери Мадатјан им изјави на новинарите дека до неговата ненадејна смрт, Арон Картер се обидел да ги врати добрите односи со неговиот постар брат, водачот на Backstreet Boys, Ник Картер.„Арон беше опседнат со својот брат. Во сè гледаше на него и постојано правеше нешто за да му го привлече вниманието. Арон буквално врескаше за помош. Не го обвинувам Ник, но тој можеше да направи малку повеќе за Арон, бидејќи беше ментално болен“, рече Мадатјан. Поврзани објавиТој додаде дека менталната болест на Арон многу влијаела на односот на пејачот со неговото семејство и свршеницата Мелани Мартин.„Во изминатите неколку месеци, некои нови луѓе се појавија во животот на Арон. Мислам дека го искористија тоа што беше ментално болен. И никој од роднините не беше наоколу “, заклучи Мадатјан.Претходно беше објавено дека Арон Картер пред неговата смрт ја ставил на продажба својата куќа во Калифорнија.
„Врескаше за помош, а Ник не направи ништо“ – Убавина и здравје
95