Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи претежно од снег, а во пониските места долж Повардарието од дожд и снег. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени.
Македонија денеска ја очекува студено време со снежни врнежи и продор на постуден воздух од север. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, температурите ќе бидат значително пониски во однос на претходните денови.
Ќе дува умерен северен ветер, кој повремено ќе засилува долж Повардарието. На планините се очекува зголемување на снежната покривка, а услови за снег има и во дел од пониските предели.
Температурите во текот на денот ќе се движат во интервал од минус три до шест степени.
Извор: МИА
Фото: ЈП „Македонија пат“