Почетна Убавина и здравјеСовршено јадење за „мрзливци“, бидејќи се приготвува за 10 минути – Убавина и здравје

Совршено јадење за „мрзливци“, бидејќи се приготвува за 10 минути – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Оброк што се приготвува брзо, а кој може да се носи и на работа и во училиште

Ова брзо јадење се приготвува за само 10 минути, а превкусно е! Сон на секој човек што не сака да поминува многу време во кујна, а сака да јаде вкусна храна.

Состојки:


Поврзани објави

  • 4 тортилји
  • 3 јајца
  • сол, бибер
  • 100 г шунка
  • 120 г кашкавал
  • 1 домат
  • путер за подмачкување
Приготвување:

Подмачкајте тавче со путер. Посолете ги јајцата и додајте бибер по вкус, па изматете. Сипете половина од јајцата во тавчето. Одозгора ставете ја првата тортилја, на неа наредете шунка и рендан кашкавал, потоа тортилја, па домат и кашкавал. Следува тортилја, шунка, кашкавал и на врвот, четвртата тортилја. Распоредете ги преостанатите јајца на врвот, поклопете и ставете на рингла на пониска температура. По пет минути превртете и повторно покријте, па пржете уште пет минути. Оброкот е готов!