Почетна Убавина и здравјеМесто за откривање, инспирација и мали лични задоволства – Убавина и здравје

Место за откривање, инспирација и мали лични задоволства – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Постојат места во кои влегуваме од љубопитност, а остануваме подолго од планираното. Места каде што вниманието ни го привлекуваат боите, текстурите, естетиката и деталите. Каде што секогаш има нешто ново за откривање, без разлика колку добро го познаваме светот на убавината.

Една таква адреса од неодамна е парфимеријата „Јасмин“ во Skopje City Mall.

Со седумдецениска традиција на српскиот пазар, „Јасмин“ во Македонија носи дел од светската култура на убавината преку широк асортиман на луксузни брендови, декоративна козметика, производи за нега на лицето и телото и парфеми.

Привлечноста на ваквите простори е во можноста на едно место да се сретнат различни концепти за убавина. Од минималистичка нега и природен изглед, до смели бои, софистицирана шминка и препознатливата естетика на големите светски модни и козметички куќи.


Поврзани објави

Убавината, впрочем, никогаш не била прашање на единствена формула. За некого таа е внимателно изградена рутина за нега на кожата, за друг е креативноста во шминкањето, а за трет е задоволството од користењето производ со кој секојдневието добива мала доза луксуз.

Во својата 70-годишна историја, „Јасмин“ бил сведок на бројни промени во индустријата – од безвременските козметички класици до современите иновации во негата, новите текстури и трендовите кои ја обликуваат денешната beauty сцена.

Сега, со својата прва адреса во Македонија, ова препознатливо регионално име станува дел и од скопското секојдневие.

Место во кое може да се пронајде инспирација за поинаков изглед, да се открие нов омилен бренд, да се избере подарок или едноставно да се одвои време за себе.

Затоа што понекогаш најубавите откритија се случуваат токму кога не бараме ништо конкретно.