Почетна Убавина и здравјеЏенифер Лопез покажа дека има добра душа, му даде пари на бездомник – Убавина и здравје

Џенифер Лопез покажа дека има добра душа, му даде пари на бездомник – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Американската музичка ѕвезда Џенифер Лопез беше снимена во Лос Анџелес како му дава пари на бездомник, а овој нејзин потег привлече големо внимание на социјалните мрежи. Папараците ја „уловија“ по еден деловен состанок, кога мажот ѝ пријде и ја замоли да му даде пари.

Таа најпрво помина покрај него и влезе во автомобилот.

„Ќе им кажам на сите дека те видов“, ѝ рече тој и се доближи до автомобилот.

Лопез го спушти прозорецот и му даде пари.

„Џенифер, те сакам. Благодарам, Џенифер“, рече тој, испраќајќи ѝ бакнежи.

Сепак, многу корисници на социјалните мрежи сметаат дека овој гест не бил од срце, туку обид да ја поправи својата репутација по доделувањето на Златните глобуси.

 

Поврзани објави

„Се обидува да се извлече“, „Нејзиниот пи-ар тим работи напорно“, „Ја прочитала веста за снимателот на Glambot и решила дека мора нешто да направи“, „Бездомникот е всушност платен актер“, „Жално“, се дел од коментарите на платформата Икс.

Инаку, неодамна беше објавено видео на кое изгледа како Џенифер Лопез да го игнорира снимателот Кол Валисер, кој на доделувањето на Златните глобуси беше задолжен за популарната Glambot камера.

И покрај тоа што тој ѝ објаснувал како да позира и ѝ упатувал комплименти, Лопез не реагирала, туку по снимањето само продолжила понатаму.

 

Фото: Твитер принтскрин