Последниот пролетен месец комплетно ќе им го промени животот на припадниците на еден хороскопски знак
Дојде време да се остави минатото зад себе и да се тргне напред. Астрологот Анџела Перл истакнала дека за еден знак мај ќе биде период на големи пресврти и трансформации. Среќниците што ги посочила се близнаците!
Можеби веќе долго планирате некој важен чекор – сега е вистинскиот момент да го направите. Промени ќе се случуваат и во приватниот живот, каде што односите ќе преминат на повисоко ниво. Следува крај на едно животно поглавје и почеток на ново.
„Стариот живот умира, новиот се раѓа“, истакнала Анџела.
Ни финансиите нема да заостануваат. Можат да очекуваат добивки, купување недвижнини или автомобил. Астрологот ве охрабрува да зачекорите во нова професионална насока што може да ви донесе сериозна заработка – не само вам, туку и на целото семејство.
Поврзани објави
Но постои и едно предупредување – некој или нешто може ненадејно да исчезне од вашиот живот. Сепак, не треба да очајувате: кога нешто старо си заминува, доаѓа нешто ново. Бидете подготвени и отворени за ненадејни загуби.
Мај ќе биде поволен и за духовен развој. Ѕвездите ви носта внатрешен мир, хармонија и можност да забавите и да уживате во секој момент. Ова е идеално време и за лични ограничувања, како постење, тишина, медитација и самодисциплина.
Не заборавајте дека имате сила и знаење да го насочите вашиот живот онака како што вам најмногу ви одговара. Сега е вистинското време да започнете нешто за коешто долго сонувате.
Клучниот збор за близнаците во мај е ТИШИНА. Ова ќе биде период во којшто ќе сакате да се осамите, да уживате во мирот и да се посветите на себе. Идеално време да почнете со медитација и духовна работа.
ФОТО: Andre Furtado / Unsplash