Почетна Убавина и здравјеНова „Т“ продавница во City Mall – современ центар за технологија, искуства и креативност

Нова „Т“ продавница во City Mall – современ центар за технологија, искуства и креативност

од nenad
2 минути читај за

Македонски Телеком ја отвора новата „Т“ продавница на нова локација во City Mall на 24 ноември во 10:00 часот. Замислена како современ центар во кој технологијата, искуството и заедницата се среќаваат на едно место, продавницата ги обединува консултациите и услугите со содржини и зони за работа, креативност и дружење.

Новиот концепт носи поинаков пристап во комуникацијата со корисниците. Наместо класични шалтери и физички бариери, продавницата нуди отворен и опуштен амбиент во кој агентите седат рамо до рамо со посетителите, разговараат за нивните потреби и заеднички ги разгледуваат соодветните решенија. Функционалниот и модуларен простор е осмислен да поттикнува интеракција и да се приспособува на различни активности – од работа и учење до креативни проекти и средби. Во уредувањето се користени органски и рециклирани материјали.

Прво бесплатно поткаст-студио во Македонија
Во склоп на новата продавница во City Mall ќе биде отворено првото бесплатно професионално поткаст-студио во Македонија. Студиото ќе им овозможи на младите и на сите заинтересирани да создаваат поткасти, интервјуа и други аудио-визуелни содржини со професионална опрема. Така, добиваат простор не само да ги развиваат своите идеи и да раскажуваат приказни, туку и активно да учествуваат во дигиталниот свет со темите што им се важни. Користењето ќе биде бесплатно, со претходна резервација преку веб-страницата.

Дополнително, посетителите ќе можат да ги истражуваат интерактивните зони со AR и IoT искуства и да ја испробаат гејминг-зоната. На денот на отворањето, посетителите ќе можат да ја испробаат гејминг-зоната и новата игра GTA 6 заедно со познатиот македонски гејмер и контент-креатор Стефанатор, од 17:00 часот. Во периодот од 17:00 до 21:00 часот посетителите ги очекува и специјална промоција: дополнителен буџет од 10.000 денари за секој смартфон. Количините на смартфони по промотивна цена се ограничени.

„Со новата продавница во City Mall го менуваме начинот на кој изгледа и функционира едно корисничко место. Создаваме отворен простор каде што технологијата може да се истражува и да се користи во секојдневието – за работа, учење, креативност и поврзување. Веруваме дека кога технологијата е достапна и разбирлива, таа отвора повеќе можности за сите“, изјави Емилија Андоновска, главен комерцијален директор за приватни корисници во Македонски Телеком.

Со овој концепт, Телеком ја трансформира традиционалната продавница во место за искуства и средби – каде што посетителите можат да добијат совет, да истражуваат нови технологии и да учествуваат во заеднички активности.