Table of Contents
На овие знаци сè ќе им оди како подмачкано
Февруарската полна месечина наскоро ќе ги затресе љубовните животи на четири среќни хороскопски знаци – и тоа токму на време пред Денот на вљубените.
На први февруари нè очекува моќна полна месечина во лав, самоуверен, огнен знак.
„Полната месечина во лав е романтична астролошка промена, која буди храброст и желба. Страстите на луѓето ќе бидат активирани, што ќе им овозможи да го прифатат она што го сакаат. Ова е период кога изразувањето на чувствата се случува поприродно, правејќи ги емоционалните врски полесни и подиректни“, открива астрологот Лиса Стардаст.
Оваа жестока енергија ќе влијае врз сите, но особено на овие знаци…
Лав
Полната месечина е во вашиот знак, што значи дека време е да заблескате.
Вашата популарност вртоглаво ќе порасне во оваа космичка клима, но важно е да бидете селективни во поглед на тоа кого го пуштате во вашиот емотивен свет.
Уверете се дека сте насочени кон љубовта и дека гравитирате кон здрави пријателства или романтични интереси. Слушајте ја својата интуиција. Ако чувствувате лоша енергија од луѓето со кои сте опкружени, свртете се и заминете си.
Водолија
Време е да ги продлабочите вашите емоционални врски за време на оваа полна месечина.
Поврзани објави
„Ако веќе сте фрлиле око на одреден избраник, побарајте начини како да стапите во контакт за време на оваа полна месечина. Полната месечина во лав создава напната, но корисна врска со вашата владејачка планета, Уран, што може да ви помогне да ги надминете бариерите и да се поврзете на ново ниво“, вели Стардаст.
Иако може да биде тешко за толку независен хороскопски знак, спуштањето на штитовите ќе ви помогне да ја подобрите интимноста во вашите најблиски односи. Колку поранливи и поискрени бидете, тоа подобро.
„Овие вибрации би можеле да доведат до проблеми ако вие или вашата симпатија се однесувате по малку самоуверени, затоа обидете се да останете приземни“, посочува астрологот.
Терезија
Време е да го направите првиот чекор. Под владеењето на Венера, сигурно ќе успеете во романтичните односи.
„Поканете ја личноста во која се вљубувате на филмска вечер и дозволете си да се претопите во овие романтични вибрации. Ќе копнеете за врска со сродна душа, што ќе ви го олесни прекинувањето на односите со секој што не ве инспирира со своето присуство. Искористете ги наредните неколку дена да размислите што навистина сакате кај партнерот и задолжително побарајте насоки од другата страна“, вели Стардаст.
Скорпија
Можеби не сте подготвени за вниманието што наскоро ќе го добиете, но обидете се да го прифатите ова новооткриено признание и воодушевување.
„Ако во последно време сте биле незабележани, очекувајте тоа да се промени, бидејќи сите очи ќе бидат вперени во вас во наредните денови“, открива Стардаст.
Ако одлучите да ѝ се препуштите на оваа опортунистичка енергија, обидете се да не бидете фокусирани само на себе. Бидете искрени во разговорите и навистина обидете се да ја запознаете другата личност.
ФОТО: Toa Heftiba / Unsplash