Почетна ЕкономијаНационална конференција за намалување на пушењето

Национална конференција за намалување на пушењето

од nenad
1 минути читај за

Националната конференција „Од податоци до политики: Како да ја намалиме цената на пушењето?“ денеска ќе се одржи во Скопје, во организација на Аналитика тинк-тенк и Светската здравствена организација (СЗО). Според податоците од националната анкета на Аналитика за 2026 година, 50 проценти од возрасните граѓани пушат цигари, 48,1 проценти пушат секојдневно, додека 62 проценти од испитаниците кои посетувале ресторани и кафулиња изјавиле дека биле изложени на пушење во угостителски објекти.

Настанот предвидено е да го отвори министерот за здравство Сашо Клековски, а во фокусот ќе бидат најновите истражувања за употребата на тутунските производи и мерките за намалување на пушењето.

Во рамки на конференцијата е предвидена и панел-дискусија на тема „Од научни докази до конкретни мерки: Кои се следните чекори?“, посветена на приоритетите во јавното здравје и превенцијата од пушење.

Организаторите посочуваат дека целта на конференцијата е преку анализа на најновите податоци и размена на искуства да се поттикне креирање поефикасни политики за намалување на употребата на тутун и заштита на јавното здравје.
Извор: МИА