Почетна Убавина и здравјеКој е сопругот на легендарната Фиби од ТВ-серијата „Пријатели“? Љубовна приказна достојна за филм

Кој е сопругот на легендарната Фиби од ТВ-серијата „Пријатели“? Љубовна приказна достојна за филм

од nenad
2 минути читај за

Лиса Кудроу се вљубила во својот сопруг Мишел Стерн на прв поглед, но морала да чека цели 6 години за нивната втора средба

Американската актерка Лиса Кудроу се прослави со улогата на Фиби Буфеј во култната серија „Пријатели“. Иако по нејзиниот огромен успех продолжи да гради актерска кариера, оваа улога и до денес остана нејзина најпрепознатлива. Набргу откако стекна светска слава, Лиса се омажи за францускиот маркетинг-експерт Мишел Стерн, човек кој многу ја цени својата приватност и ретко се појавува со неа во јавноста. Сепак, по повеќе од 30 години брак, тие со право важат за еден од најстабилните холивудски парови, особено меѓу актерската екипа на серијата „Пријатели“.

Интересно е што првпат се запознале кон крајот на осумдесеттите години, набргу откако Мишел пристигнал во САД. Во тоа време тој бил во врска со една од цимерките на Лиса, која исто така била Французинка. Актерката еднаш признала дека уште кога првпат го видела, се помислила дека е совршен маж, но не сакала да започне врска со момчето на својата цимерка. Повторно се сретнале шест години подоцна, на почетокот на деведесеттите, на роденденската прослава на истата цимерка, со која Мишел во меѓувреме веќе ја прекинал врската. Тоа повторно видување се покажало како судбоносно.

Се венчале на 27 мај 1995 година во Малибу. Станувало збор за интимна свадбена церемонија, на која присуствувале и нејзините колеги од серијата „Пријатели“, чие емитување започнало една година претходно.

Своето единствено дете, синот Џулијан Мари Стерн, го добиле во 1998 година. Додека Лиса била бремена и во реалниот живот, во серијата ја толкувала и бремената Фиби, која носела тројка како сурогат-мајка за својот брат и неговата сопруга. Актерката еднаш открила дека нејзиниот син никогаш не посакал брат или сестра. Иако никогаш изречно не потврдила дека токму тоа е причината поради која немала повеќе деца, во интервју за „Page Six“ во 2017 година признала дека синот е благодарен што останал единец.


Поврзани објави

Со оглед на тоа што пораснал на снимањето на серијата „Пријатели“, не е изненадување што Џулијан денес избрал кариера во филмската индустрија. Сепак, се насочил кон режија и монтажа, со неколку помали актерски ангажмани.

Од друга страна, во младоста Лиса воопшто не замислувала дека ќе изгради кариера во Холивуд. Откако дипломирала биолошка психологија на колеџот Васар, планирала да тргне по стапките на својот татко, лекар специјализиран за главоболки. Дури осум години работела како истражувачка во неговиот тим. Но потоа ѝ се приклучила на познатата импровизациска трупа „The Groundlings“ во Лос Анџелес и се вљубила во комедијата. Сè друго е историја.

Денес Лиса може да се пофали не само со успешна кариера туку и со брак без скандали, што е вистинска реткост во Холивуд.

ФОТО: ИНСТАГРАМ