Почетна Убавина и здравјеНо таа и понатаму е соло, а причината е шокантна! – Убавина и здравје

Но таа и понатаму е соло, а причината е шокантна! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Инфлуенсерка од Холандија во потрага по партнер одлучила да побара помош на социјалните мрежи, каде што објавила оглас – но само тројца влегле во потесен круг поради нејзините ригорозни барања

Инфлуенсерката Вера Дајкманс објавила оглас дека бара момче и побарала од нејзините потенцијални партнери да одговорат на 15 прашања за да види дали ги исполнуваат нејзините исклучително високи очекувања.

Таа добила 5000 пријави од сингл мажи кои сакале романса со неа, но таа и понатаму е сама.

„Би рекла дека добив околу 5000 пријави, но откако ги разгледав повеќето од нив, најдов само три момци за кои мислев дека се соодветни“, рекла Дајкманс, која живее во Лондон и има повеќе од седум милиони следбеници на своите социјални мрежи.

Холандската манекенка открила дека излегла на рандеву со секој од тие тројца среќни додворувачи, но не успеала да воспостави конекција со ниту еден од нив.

„Излегов на состанок со нив, но моментално, сè уште сум сингл“, додала таа.

„И покрај овој разочарувачки резултат, и понатаму сметам дека експериментот беше успешен, бидејќи имав можност да кажам што сакам и да видам кои мажи одговараат на тие критериуми.“

Можеби се прашувате како е возможно од 5000 мажи да се одберат само тројца, но Вера објаснила дека морала да прегледа многу чудни пријави.

Еве кои се прашањата на кои мажите морале да одговорат:

1. Кој е твојот хороскопски знак?
2. Колку бивши девојки си имал, колку од нив се „луди“ и со колку од нив сè уште комуницираш?
3. Дали имаш деца?
4. Дали сакаш деца?

Поврзани објави

5. Дали си моментално во брак или во врска со некого?
6. Дали имаш работа со полно работно време?
7. Кога би морал да одбереш три придавки за да се опишеш себеси, дали една од нив би била „глупав“?
8. Дали живееш со твоите родители?
9. Дали поседуваш исправен автомобил?
10. Дали имаш Твитер?
11. Дали моментално имаш секс со некого?
12. Кога би живееле заедно, дали би добила посебна просторија за плакар?
13. Дали ти е прифатливо да им се додворуваш на моите пријателки?
14. Дали сакаш да ја гледаш серијата „Аватар?“
15. Кој е најдобриот уметник: The Weeknd, Future, Дрејк или Травис Скот?

Вера добила необични одговори на овие прашања, при што еден маж открил дека живеел со родителите и дека немал автомобил, но дека поседувал два чамци.

Друг маж изјавил дека никогаш не би им се додворувал на нејзините пријателки, а трет се пофалил дека има кариера со полно работно време, но не би ѝ дозволил да има огромен гардеробер.

„Моментално паузирам со потрагата по партнер, но имам отворени можности“, рекла таа и додала дека нема да отвори уште една рунда пријави на социјалните мрежи.

„Јас сум многу пребирлива и потребно е мојот партнер да биде речиси совршен“, рекла таа.

„Мислам дека не треба да правам компромиси во врска со моите потреби – попрво ќе бидам сама додека го најдам човекот со кого треба да бидам.“