Почетна Убавина и здравјеЗаситуваат и толку се вкусни што сите ќе ви бараат репете – Убавина и здравје

Заситуваат и толку се вкусни што сите ќе ви бараат репете – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Ви предлагаме три брзи рецепти за посни компир-салати, кои се совршени за славска трпеза

Кога сакате да приготвите нешто вкусно и економично, без притоа да поминете часови во кујна, компир-салатата секогаш е одличен избор. Особено е практична за време на постовите и посните слави, бидејќи совршено одат со риба, но може да послужат и како самостоен оброк.

Иако класичната верзија со кромид на сите ни е добро позната, со само неколку дополнителни состојки, можете да добиете потполно нови вкусови.

Ви откриваме 3 едноставни рецепти за посни компир-салати, кои брзо се приготвуваат, а толку се вкусни што сите ќе ви бараат репете.

Класична компир-салата

Состојки:

  • компир
  • црн или виолетов кромид
  • зачини

Приготвување:

Сварете го компирот и исечкајте го по желба, а кромидот исечкајте го на резанки. Зачинете по желба, измешајте и посипете со масло. Може да сипете и малку оцет.

Компир-салата со радич


Поврзани објави

Состојки:

  • компир
  • радич
  • зачини

Приготвување:

Сварете го компирот и исечкајте го радичот. Измешајте, зачинете и намрсете.

Компир-салата со блитва

Состојки:

  • компир
  • блитва
  • лук
  • зачини

Приготвување:

Сварете ги компирот и блитвата. Исечкајте ги по желба, па додајте зачини и сечкан лук. Намрсете, промешајте и оладете.