Table of Contents
Дознајте како овој онколог го победил ракот во 4-ти стадиум, благодарение на листа од 5 намирници
Докторката Дон Мусалем, специјалистка по интегративна онкологија, е позната американска лекарка со повеќе од 20 години искуство во престижната клиника „Мејо“. Освен што е врвен медицински експерт, нејзината животна приказна е исклучително инспиративна. Со сопствениот пример покажува дека закрепнувањето е можно дури и кога малкумина веруваат во тоа. Дон и самата го победила ракот во средината на своите дваесетти години, а денес им помага на илјадници онколошки пациенти, комбинирајќи ја конвенционалната медицина со совети за исхрана, физичка активност, сон и ментално здравје.
Дон Мусалем имала само 26 години и била на самиот почеток од студиите по медицина кога ѝ бил дијагностициран не-Хочкинов лимфом во четврти стадиум. Ги преживеала агресивните терапии и трансплантацијата на коскена срцевина, успевајќи да го победи ракот, но подоцна развила тешка срцева слабост. Во февруари 2021 година ѝ била извршена трансплантација на срце, а точно една година подоцна станала првата личност во историјата што истрчала целосен маратон по трансплантација на срце.
На својот профил на Инстаграм и преку гостувањата во подкасти, таа ја едуцира јавноста за превенцијата од рак и споделува совети за долговечност. Нејзиниот пристап се заснова на исхрана богата со растителни влакна, редовна физичка активност и контрола на стресот. Во клиниката „Мејо“ го добила и прекарот „магичниот куршум“, поради извонредните резултати што ги постигнува во работата со онколошките пациенти.
При едно гостување во подкастот на клиниката „Мејо“, воден од Мел Робертс, д-р Мусалем споделила список од пет намирници за кои верува дека ѝ помогнале во борбата со ракот. Притоа нагласила дека ниту една од нив не е лек за рак, но дека може значително да придонесе за општото здравје и благосостојбата на организмот.
Пет намирници што ги јадев секој ден
„Ова се петте намирници на кои секојдневно им се навраќав. И денес го правам истото. Она што најмногу сакам да го разберете е дека ниту една поединечна намирница не може никого да спаси. Апсолутно ниту една. Овие пет намирници се одлични, но она што навистина ја менува внатрешната средина на организмот е целокупниот начин на исхрана – оброк по оброк, ден по ден“, нагласила д-р Мусалем.
Ова се петте намирници што таа ги издвојува како сојузници во грижата за здравјето и борбата против болестите:
1. Диви боровинки (најчесто замрзнати)
Поврзани објави
Боровинките се богати со антоцијани – моќни антиоксиданси кои помагаат во намалувањето на воспалителните процеси и оксидативниот стрес. Дополнителна предност е тоа што замрзнатите боровинки се достапни во текот на целата година.
2. Виолетов сладок компир
Содржи исклучително висока концентрација на антоцијани, дури и поголема од онаа во боровинките, како и други фитонутриенти кои придонесуваат за заштита на клетките.
3. Растенија од семејството на зелките (брокула, карфиол, зелка, кељ и рукола)
Овие зеленчуци содржат сулфорафан – соединение кое се истражува поради неговите потенцијални заштитни својства во однос на малигните клетки. Докторката советува брокулата да се исечка и да се остави да отстои неколку минути пред термичката обработка. На тој начин се активираат ензимите неопходни за создавање сулфорафан.
4. Грав и леќа
Претставуваат одличен извор на растителни протеини и влакна, кои ги хранат корисните бактерии во цревата, односно цревниот микробиом, и придонесуваат за нормално функционирање на имунолошкиот систем.
5. Едамаме (млада соја во мешунки)
Оваа форма на целосна соја е богата со изофлавони. Поновите истражувања покажуваат дека консумирањето соја е безбедно и дека е поврзано со намален ризик од појава и повторна појава на рак на дојка.
ФОТО: ИНСТАГРАМ