Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија денеска реагираше на извештаите според кои нападот со поморски дрон врз руска корвета во Либија потекнувал од албанска територија.
Од Министерството појаснија дека овие информации се неточни и не ги одразуваат фактичките состојби.
„Албанија не била вклучена во овој инцидент, а нејзината територија не била користена, ниту ставена на располагање за започнување или олеснување на таков напад“, се наведува во соопштението.
Албанското МНР категорично ги отфрли ваквите тврдења, оценувајќи дека се изнесени без проверливи докази.
„Ги повикуваме оние кои се одговорни за нивното ширење да ги коригираат информациите и да покажат точност, соодветна внимателност и одговорност при известувањето за прашања од ваква чувствителна природа“, истакнуваат од Министерството.
Претходно, руски воен брод претрпе експлозија во поморската база во Бенгази, во источна Либија. Локалните власти се сомневаат дека бродот можеби бил погоден од дронови, но околностите и потеклото на нападот сè уште се предмет на истрага.
Post Views: 3