Принцезата од Велс за првпат на ваков начин ги открива длабоките последици од болеста и патот кон закрепнувањето. Во документарниот филм „Heal“ се појавуваат и нејзините најблиски, а дел од сцените веќе предизвикаа силни реакции.
Кејт Мидлтон подготви документарен филм со наслов „Heal“, посветен на нејзината борба со ракот и животот по завршувањето на лекувањето. Трејлерот беше објавен на 21 ноември, а во него принцезата од Велс открива колку длабоко болеста влијаела врз нејзиниот живот, физички и емотивно.
Документарецот ја следи Кејт за време на предизвикот „National Three Peaks Challenge“, кога во рок од 24 часа ги искачувала највисоките планини во Шкотска, Англија и Велс, во поддршка на добротворната организација „The Royal Marsden Cancer Charity“. Во филмот се појавува и нејзиниот брат Џејмс Мидлтон, со кого разговара за искуството со лекувањето и симболичното затворање на тоа тешко поглавје.
Особено емотивни се сцените во кои се прикажани нејзините семејни моменти, прегратките со принцот Вилијам и нивните деца Џорџ, Шарлот и Луис. Преку филмот Кејт ја истакнува важноста на природата, семејната поддршка и надежта во процесот на закрепнување.
Потсетуваме, принцезата во март 2024 година јавно откри дека се лекува од рак, во септември истата година соопшти дека ја завршила хемотерапијата, а во јануари 2025 година објави дека болеста е во ремисија. Документарецот е во режија на Бенџи Џексон, а средствата од неговата дистрибуција ќе бидат наменети за организацијата за поддршка на пациентите заболени од рак. Британската премиера е закажана за 29 ноември на Би-Би-Си.
KEJT MIDLTON PRINTSKRIN YOUTUBE