Пејачката Тања Савиќ ужива на Малдивите во друштво на својот свршеник Мухамед Бешиќ, попознат како Муки, а дел од атмосферата од егзотичната дестинација ја сподели со своите следбеници на социјалните мрежи.
Тања за време на одморот пронашла и нова креативна занимација, а своето прво дело јавно го покажа.
Покрај уживањето во тиркизното море, белите плажи и луксузното сместување, Тања пронашла време и за една посебна активност. Пејачката зела четкичка и бои, па на платно насликала портрет на своите синови.
Поврзани објави
Со фотографиите и снимките од создавањето на сликата се пофали на Инстаграм, а покрај објавата напиша:
„Малку се занимававме и со друга уметност додека бевме на Малдивите. Мајката ги нацрта своите синови. Има ли нешто повредно од тоа? Нека бидат живи и здрави сите деца на овој свет, чувај ги и грижи се за нив, Боже“.
Нејзината објава привлече внимание кај следбениците, а многумина особено ги трогна емотивната сцена на која Тања го слика портретот на своите синови.
Додека ужива со свршеникот во тропскиот рај, пејачката покажа дека, и покрај сите патувања и убави моменти, семејството и љубовта кон синовите сепак ѝ се на прво место.