Водата со лимон е многу поздрава опција од другите ароматизирани напивки, како што се соковите или диеталните газирани пијалаци.
Многубројни нутриционисти, диететичари и лекари нагласија дека водата со лимон, доколку се пие на празен стомак, може да го забрза метаболизмот.
Има повеќекратни здравствени придобивки, но нутриционистката Лорен Слејтон тврди дека повеќето луѓе ја пијат на погрешен начин и затоа немаат никакви здравствени ефекти. Затоа е важно да се следи ова правило, советува таа.
Вода со лимон не е чашата вода што ја пиете со сласт додека во неа плови парче лимон. Лорен посочи дека повеќето луѓе додаваат парче лимон само за да го подобрат вкусот на водата.
Тогаш, како да пиете вода со лимон?
Поврзани објави
Кога зборуваме за придобивките од пиењето вода со лимон, мислам на вода што содржи сок од најмалку половина лимон“, истакнува таа, мислејќи на лимонадата.
Таа исто така истакнува дека органскиот лимон треба да биде главната состојка.
Сакаме вода со лимон, а не вода со пестициди, особено ако го ставите лимонот да плива во водата“, вели нутриционистката.
Американската стоматолошка асоцијација наведува дека лимонадата, односно водата со лимон, е безбедна, но само ако пиете доволно количество обична вода, бидејќи киселината во лимонот и од другите агруми може да ја уништи забната глеѓ со текот на времето.
Фото: Pexels/Julia Zolotova