Сине мој! Ова писмо е од твојата мајка која одамна ја заборави. Срам ми е што ти пишувам. По несигурноста и долгото чекање, го земам пенкалото во рака. Неколку пати претходно се обидов, но солзите ми пречеа.
Неколку пати солзите престанаа, но срцето не ми дозволи. Сине мој! По долго време гледам дека порасна, стана зрел маж и добро ги гледаш работите. Имам една молба, барем да го прочиташ ова писмо, а подоцна, ако сакаш искини го како што го искина и моето срце.
Пред 40-години мене ми се случи најубавиот ден во животот – докторката ме извести дека сум бремена. Мајките добро го знаат значењето на овие зборови, тоа е мешавна од среќа и радост проследена со немир и многу промени во организмот.
Потоа те носев 9 месеци во стомакот, станував со потешкотии, спиев со големи маки, едвај се хранев и дишев, но и покрај тоа ништо не ја намали љубовта кон тебе.
Напротив, од ден на ден таа се зголемуваше сè повеќе. Со нетрпение очекував да те видам. Те носев, со потешкотии, со болки, но се радував на секое твое движење. Се радував како што повеќе растеше и покрај тоа што мене ми беше многу потешко. Тоа беа долги маки, но подоцна дојде и онаа ноќ кога око не затворив.
Текстот продолжува на следната страна