Почетна Убавина и здравјеСочни, меки и богати со фил! – Убавина и здравје

Сочни, меки и богати со фил! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Давор Панчевски сподели рецепт за домашни панцероти, а ние едвај чекаме да ги испробаме!

Кој може да им одолее на вкусните, потпечени и сочни панцероти? Давор Панчевски, кој редовно ги споделува своите рецепти на инстаграм-профилот @daveskitchenofficial, сподели рецепт за домашни панцероти, кои ќе ве воодушеват со својот вкус. Печени во рерна со богат фил од кашкавал и шунка – не се мислете, веднаш испробајте го и зачувајте го рецептот.

Состојки:

За тестото:

  • 700 г брашно
  • 2 кесички сув квасец
  • 470 мл млака вода
  • 5 лажици маслиново масло
  • 2 лажички сол
  • 2 лажички шеќер

За филот:

  • доматен сос
  • рендан кашкавал
  • рендана шунка
  • парчиња мортадела
  • рендан пармезан
  • 1 јајце, изматено, за премачкување
  • сусам, за наросување


Поврзани објави

Приготвување:

Замесете тесто од наведените состојки и оставете  да стаса 60-90 минути на собна температура. Филувајте го и печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.

Подеталните упатства погледнете ги во видеото во продолжение…

ФОТО: ИНСТАГРАМ