Почетна Убавина и здравјеТурците згрозени од фотосесија во џамија во Анкара, манекенката позирала и внатре во верскиот објект

Турците згрозени од фотосесија во џамија во Анкара, манекенката позирала и внатре во верскиот објект

од nenad
0 минути читај за

Oбвинителството на Анкара соопшти дека во рамките на истрагата се приведени две лица, директорот Б.К. и моделот Е.Ј.

Владата на Анкара, исто така, започна административна проверка и истрага.

Фотографиите се направени и внатре и надвор од џамијата. Сесијата беше наречена „Магијата на спротивставените“.

Режисерот сподели фотографии на социјалните мрежи кои предизвикаа реакции во јавноста, вклучително и поради облеката на манекенката.

Истрагата од страна на главниот обвинител на Анкара е покрената поради „јавно понижување на верските вредности прифатени од дел од општеството“, соопшти телевизијата.