И денес се памети потегот на Мајли Сајрус од 2014 година кога на доделувањето МТВ-награди го донесе бездомникот Џеси Хелт
Во 2014 година, Мајли Сајрус на доделувањето МТВ музички награди донесе бездомник како своја придружба.
Имено, Мајли го запознала бездомникот преку хуманитарна организација во Лос Анџелес со назив My Friend’s Place. Станувало збор за 22-годишен младич по име Џеси Хелт.
На доделувањето награди, Мајли освои признание за спот на годината за музичкото видео за песната Wrecking Ball. Мајли не ја подигна наградата сама, наместо тоа, му дозволи на Џеси да ја прими. На сцената, Џеси ја искористи приликата за да одржи моќен говор за проблемот со бездомништвото меѓу младите во Лос Анџелес. Говорот беше многу трогателен и ја доведе Мајли до солзи.
Поврзани објави
Сето ова било направено со најдобри намери, како од страната на Мајли, така и од страната на Џеси. Мајли почнала да им дава поддршка на бездомниците, донирајќи пари и собирајќи средства за организациите што им помагаат. Џеси добил можност да пренесе важна порака и да обрне внимание на значаен проблем. Па така, нему му припаднала статуетката, познатиот Moon Person.
Набрзо потоа, неговиот живот драстично се променил. Излегло дека неговото појавување на МТВ ѝ го привлекло вниманието на полицијата. Односно, за него постоел налог за апсење од Орегон поради некој прекршок. За среќа, успеал да го реши тој проблем, собрал пари, а денес има семејство и живее пристоен живот работејќи како готвач.
Веќе не е на улица, а Мајли не може да биде погорда.
ФОТО: Фејсбук, Инстаграм